
Хуманитарна организација „Свети Спас“ редовно поддржува повеќе од 300 семејства преку континуирана месечна помош (храна и хигиенски средства), како и семејства кои добиваат интервентна помош при итни потреби. За да ги обезбедиме потребните намирници, вашите донации се добредојдени во секој момент — оваа акција е тековна и постојана.
Како можете да донирате:
-
Донесете ги донациите директно во просториите на Хуманитарна организација „Свети Спас“.
-
Испратете ги по карго до нашиот адреса.
-
Направете директна онлајн нарачка со достава до организацијата.
-
Донирајте преку хуман маркет: https://www.humanmarket.mk
Што може да донирате:
-
Нераспадлива и конзервирана храна, производи со подолг рок на траење
-
Хигиенски средства, пелени, влажни марамчиња и слично
Секоја донација е многу важна и директно придонесува за поддршка на семејствата во нашата заедница. Благодариме за вашата поддршка!