
Хуман маркет е можност да донирате од дома, можност да купите производи кои ќе бидат донирани на семејства во потреба во Хуманитарна организација “Свети Спас”
Сега е едноставно и лесно!
Како можете да купите и да донирате (лесно за 1 минута):
1. Посетете ја веб страната www.humanmarket.mk
2. Изберете “Донација” или додадете производи во кошница.
3. Минимално 100 денари – плаќате со картичка
4. Избирате дали сакате да биде анонимоно или не.
Плаќате со вашата платежна каричка.
Преку оваа платформа од целиот свет можете едноставно, брзо и транспарентно да донирате храна и друг вид на помош за оние на кои им е најпотребно.
Без разлика дали сте во Македонија, Европа, Австралија, Америка или каде и да сте низ светот –
едно срце, една цел, една татковина.
Со неколку клика можете:
– да подарите оброк
– да донирате пакет со храна и хигиенски средства
‘ да бидете дел од мрежа на добрина што спасува животи и враќа надеж
Преку Хуманитарната организацијата Свети Спас вашата донација стигнува директно до социјално загрозени семејства, со љубов, грижа и благослов. Вклучете се за да бидете подадена рака на оние на кои им е потребна нашата помош и станете Спас за многу семејства од социјално загрозените категории. Човекољубието нема и не смее да има граници!