Јулија од Скопје во солзи: Сопругот не дочека да си го види синчето

Драги браќа и сестри, примивме многу пораки за самохраната мајка Јулија од Бунарџик.
Би сакале да ве известиме дека нашата хуманитарна организација го посети ова семејство на 25.12.2021 година при што доставивме храна, хигиенски средства, памперс и пакетчиња за дечињата. Во текот на неделава ќе им доставиме дрва за огрев за нивниот дом да биде топол. Ги видовме условите во кои живеат и ќе се обидеме да им помогнеме со изградба на уште една соба и тоалет за и тие да добијат достојни услови за живот.
  • Нашата сестра Viktorija Kolishev и “Denak-Trejd” Vinica,Macedonia нѝ пишаа дека ќе донираат плочки и санитарии. Сестро, Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие!!!
  • Братот Alen Divjakoski ќе донира ПВЦ врата и прозор за тоалетот. Бог да ве благослови брате!!!
  • Наша анонимна сестра од Америка донира машина за перење која што ќе ја доставиме до семејството веднаш штом пристигне. Бог да ве благослови сестро!!!
Реално, за да можеме да изградиме соба и тоалет, нѝ е потребна вашата помош и ве замолуваме, доколку сте во можност да нѝ помогнете, да нѝ пишете или да нѝ се јавите.
Бог да ве благослови!!!