За нас

 

Хуманитарната организација на скопската православна епархија при М.П.Ц- ОА “Свети Спас” има за цел да им помогне на сите луѓе на кои им е потребна помош, без разлика на вера, националност, политичка определба и т.н. Помошта се состои во храна, хигиенски производи, обувки, реновирање и изградба на домови, помагање за собирање средства за операции и т.н. Оформена е со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и засега им помага на преку 240 семејства на кои што континуирано, секој месец, им носи храна, хигиенски производи, облека и т.н.