The Soul of Macedonia, за најубавите наши цркви и манастири

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, во периодот и кога од печат излезе мојата најнова монографија за убавините на Македонија а поттикнат од хуманата мисија која со години и години успешно ја остварува хуманитарната организација Свети Спас, би сакал со вас да ја споделам мојата идеја за заедничка акција за помош на лицата, на фамилиите на кои сме им највеќе потребни периодов.
За прв пат во нашата и ваша хуманитарна организација ги нудам за продажба моите две последни монографии, фотомонографијата The Soul of Macedonia, за најубавите наши цркви и манастири, фрески и икони, како и монографијата Beautiful Macedonia, фотомонографијата за најубавите места, планини, реки, езера, водопади, пештери, археолошки локалитети во Македонија.
Двете мои дела се со текст на англиски јазик, со преку 300 фотографии, тврд повез и на преку 370 страници и се идеален подарок како за вашите бизнис партнери, пријатели, дипломати така и за самите нас, за нашите домашни библиотеки. Со секој купен примерок воедно и помагате директно на многу лица на кои сме им најпотребни, донирате огромен дел од средствата во организацијата Свети Спас за купување на храна за најзагрозените семејства.
За сите дополнителни прашања и нарачки, слободно контактирајте не.
Ви посакувам среќни и бериќетни новогодишни и божиќни празници
Со почит,
Наце Попов