Подароци за дечињата од интернатот во Љубанци

Немам зборови со кои можам да ја опишам нашата среќа и среќата на децата за вашата хуманост и сите донации кои пристигнаа. Оваа акција беше и повеќе од успешна. Тука завршуваме со оваа акција и ќе започнеме со друга слична акција за која ќе објавиме.
Ви благодарам на сите ❤️❤️❤️
Недалеку од Скопје се наоѓа еден интернат во Љубанци, во кој се сместени 10 дечиња од прво до деветто одделение, сите се деца од социјално загрозени семејства и седат таму од понеделник до петок.
Годинава за овие деца одлучивме да организираме посебна акција која нема да биде само новогодишни пакетчиња за што ни е потребна Вашата помош, поддршка и донации. Ќе објавиме список на децата со нивната возраст. Имињата на децата се произволни за да може полесно да се определите за кое дете сакате да донирате.
Им фали буквално се: храна, облека, играчки, школски прибор… Вие избирате дете за кое сакате да донирате и спремате подарок за тоа дете, дали тоа е облека, играчка, изненадување, го пакувате и обележувате. Како што подаруваме на нашите сакани така да подариме и на овие деца со љубов и внимание. Согласно годините облеката нека биде број поголема, сепак и да е мала таму сигурно си ја менуваат облеката по возраст, како ние што правиме за децата (помалото носи од поголемото), ќе кажат ако некој остане без подарок заради згрешено бројче, со следна пратка ќе им се дополни.
Доколку донирате храна и школски прибор таа би била за интернатот и истата нема потреба да ја пакувате како подарок, но подароците за децата потрудете се да бидат спакувани и спремни со љубов и внимание.
Облеката може да биде различна џемперче, пижами, фармерки, чорапи, шал, капа, ракавици… Облеката може да биде и користена, но под услов класирана за детето за кое ја донирате и сакате да го израдувате, обележана и спакувана како за подарок завиткана или пак во украсно кесе.
Броеви за обувки:
2×33 машки
2×34 машки
1×35 машко
1×38 машко
1×39 машко
1×40 машко
1×32 женско
1×34 женско
Доколку имате и играчки и истите се сочувани исто можете да ни ги донесете.
Вашите донации може да ги доставите секој ден од 09-17 часот во ХО Свети Спас во Драчево или пак да направите онлине нарачка на храна и достава или испратите по карго на
ХО Свети Спас
Ул “Китка” Драчево Скопје
Контакт број потребен да го оставите за карго и онлине нарачките 078 383 743
Зимски јакни за сите деца ќе бидат донирани од Општина Бутел.
На 22.12.2021 ги доставивме вашите донации до дечињата кои беа пресреќни затоа што одамна немаат примено толку многу облека, обувки, играчки, пакетчиња, училишен прибор… Имаше толку многу што моравме да ги ангажираме и двете возила на нашата хуманитарна организација за достава на подароците! Насмевките и радоста кај дечињата беа непроценливи! И сето тоа БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВАС прекрасни мои браќа и сестри!!!
Донациите кои дополнително пристигнаа беа доставени до дечињата во наредните денови и тоа ќе беше дополнително изненадување за нив.

Би сакал да му се заблагодарам и на братот Александар Петровиќ од Трубарево кој донираше

мобилни телефони на Марко и Аце.
Со ова ја завршуваме оваа акција и во скоро време планираме нова…
Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие со здравје, радост и успех!!!