Донирање на храна и хигиенски средства

Хуманитарната организација Свети Спас во својата програма има вклучено над 300 семејства кои ги помага секој месец со контуирана помош од храна и хигиенски средства. За да може да ги обезбедиме потребните намирници Вашите донации се добродојдени во секој период.

Оваа акција ни е тековна и постојана.

Донациите може да ги донесете дирекно во хуманитарната организација Свети Спас,  да ни ги испратите по карго или пак да направите директна нарачка преку интернет со достава во хуманитарната организација Свети Спас.

Може да донирате нерасиплива храна, конзервирана, храна со подолг временски рок на траење, хигиенски средства, пелени, влажни марамиции…

Секоја донација е добродојдена за реализација на оваа постојана тековна акција