Хуман Гест на нашиот брат Сашо Милошевски

Нашиот брат Сашо Милошевски реши своите награди од Богојавление да ги донира на социјално загрозени семејства…
На овој голем празник, на откровението на Светата Троица на целото човештво преку крштението на нашиот Господ Исус Христос во реката Јордан, оваа година јавно се откри и големото срце на нашиот народ… Нашиот брат Saso Milosevski, кој по Божја промисла го фати крстот во Кисела Вода, во договор со своите најблиски и другарите кои скокнаа по крстот решија наградите кои ги добија да ги донираат на нашите сограѓани, нашите браќа и сестри од социјално загрозените категории. Заради желбата на Сашо заедно да ги поделиме донациите и здравствената состојба во која се наоѓам, Сашо реши донациите да ги поделиме во текот на идната недела.
Денес сум радосен заради фактот дека мноштвото од оние кои го фатија крстот, решија наградите да ги донираат на социјално загрозените семејства и да ја покажат својата христијанска љубов, дозволувајќи му на Бога да делува преку нив.
Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие сите!!!
Бог се јави браќа и сестри!!!
Денес, заедно со братот Saso Milosevski посетивме пет семејства од нашата програма за континуирана помош и им ги поделивме наградите кои тој ги доби: машина за перење, телевизор и три правосмукалки. Радоста на луѓето кои ги добија овие подароци беше навистина неизмерна и гестот на нашиот брат Сашо ќе го паметат долго.
Брате, ти благодарам за прекрасниот гест кој предизвика толку многу насмевки! Бог да го благослови и награди твоето семејство за вашето човекољубие со здравје, радост и успех!!!
Благодарност и до нашиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski за прекрасната организација за Богојавление и за поддршката на идејата и желбата на нашиот брат Сашо да ги донира наградите.