Хуманитарна скција “Вера, надеж, љубов” за помош на семејства погодени од Ковид ситуацијата

 

Хуманитарната акција “Вера, надеж, љубов” ја започнавме во месец април со помош на нашите поддржувачи од дијаспората. Благодарение на нив се отвори fundraiser за собирање на парични средства, каде се собраа 4630$ и со дополнителна донација од маркетот Стокомак од 20.000 денари поделиме 176 пакети низ Македонија на лица кои заради Корона вирусот останаа без основни средства за живот.

Помошта беше поделена дирекно на сдмејствата низ целата територија на Република Македонија.

Би сакале да им се заблагодариме на РАДЕ КОНЧАР ТЕП кои нѝ го позајмија својот камион за да ја доставиме помошта и Фросина Велковска која ја отвори сметката на Fundraiser.

Благодарност и до сите кои се вклучивте во оваа акција и благодарение на сите вас оваа акција е успешна.
Бог да ве благослови сите!!