Марија доби социјален стан!

Пријатели, ајде да ја завршиме до крај успешно оваа приказна за Марија.
Потребна ни е помош од Охриѓани! Потребно е да обезбедиме покуќнина за да го опремиме станoт.
Сигурно се сеќавате на случајот со 31-годишната Марија која побара помош од сите нас. Во трошна куќа со влага, руинирана, прокисната и без струја месец и половина откако го има напуштено домот прежувуваше охриѓанката со своите деца која од сите нас побара помош.
Во овој случај мораме да признаеме се вклучија и институциите, односно Марија преку центарот за социјални работи беше сместена во шелтер центар. Во меѓувреме беше поднесено барање за социјален стан, со оглед на тоа што ги исполнуваше сите услови и сите институции беа спремни да помогнат за една мајка со нејзините деца да не остане на улица. И верувале или не Марија доби социјален стан. Благодариме на сите кои во овој случај работата ја завршија професионачно:
Центарот за социјални работи од Охрид;
Министерството за транспорт и врски;
Владата на Македонија…
Сега требаме ние тука!!!
Потребно е да го опремиме станот, потребна ни е покуќнина. Сликите од празниот стан да ги исполниме со љубов, со покуќнина.
Потребна е кујна, гарнитура, трпезариска маса, теписи, фрижидер, шпорет, машина за алишта…
Убаво е сите овие работи да бидат од Охрид за да можеме што побрзо да се земат и однесат.
Од донациите останува уште кујна, клуб маса и плакар да се најде.
За донациите од Охрид може да контактирате со Ана и Бојана.