Помош за Радован и Борјанка Димковиќ од с. Алгуња- Кумановско

Денес ги посетивме Радован и Борјанка Димковиќ од с. Алгуња- Кумановско при што однесовме храна и хигиенски средства. Условите во кои живеат се, благо кажано, катастрофални. Потребно е реновирање на домот, но заради временските услови во моментов тоа е невозможно. Сепак ќе се обидеме да го средиме барем подот кој во моментов го немаат, т.е. подот е земјен.
Во вторник планираме да ги посетиме повторно и да однесеме телефон (за полесна комуникација), шпорет за дрва, електричен шпорет, каучи, плакар,маса и столици.
Доколку некој може да помогне со нешто од потребното, ве молиме контактирајте не.
Бог да ве благослови!!!