Благодарение на нашите донатори успеавме да го реновираме домот на самохрана мајка во Радишани и тие оваа нова година ќе ја пречекаат во целосно реновиран дом. Целосно ја сменивме електричната инсталација, ја средивме водоводната инсталација, ги сменивме старите прозори со нови ПВЦ прозори, нова влезна врата, нови собни врати, комплетно го реновиравме тоалетот, ламинатот и сѐ останато, а поставивме и надворешна термо изолација. Ова е најтемелното реновирање кое сме го извршиле и сето ова го направивме благодарение на нашите донатори :
- Анонимни донатори од Швајцарија ;
- Shegmanovikj Blazhe
- Анонимна донаторка од Канада
- Zoran Gorgievski
- Zoran Gugusevski
- Daniel Kocalev
Ви благодариме на сите кои активно се вклучивте во акцијава и успеавте да ја вратите насмевката на ова семејство.
Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие!!!























