Реновирање на опожарениот дом на Тони

Започнавме со реновирање на опожарениот дом на нашиот брат Тони и се надеваме дека, со ваша помош, наскоро ќе завршиме. Би сакал јавно да им се заблагодарам на сите кои досега се вклучија во оваа акција:
  • ЗИНЕС донираше дел од потребната граѓа за промена на покривот;
  • Игор и Goran Dzikovski ја платија работната рака за промена на покривот;
  • Мирче ќе донира прозори за целата куќа;
  • Metodija Jovanov ќе донира целосен материјал за довод и одвод на водовод;
  • Nikolovski Ljupco и Darko Runtev ќе ја средат лимарската работа на покривот.
Ова е само почеток и ќе нѝ биде потребна вашата помош за да можеме да го вратиме Тони во неговиот дом, но верувам дека со заеднички сили ќе успееме во намерата.
Да се сетиме на зборовите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski (на кого во оваа прилика му се заблагодарувам за сета помош која нѝ ја пружа) : “Секој еден е важен” и да се вклучиме во реновирањето.
Бог да ве благослови!!!