Топол дом за едно семејство во Ресен

Во месец декември ни се обрати една мајка за помош, за кој без двоумење или некакво сомневање на нејзината потреба од помош се активираа сите. Помошта беше потребна за во Ресен. Ги контактиравме

Бенита Дуковска и Христијана Станковска, чудо од девојки со големо срце, на кои Ресен треба да се гордее кои исто без некакво двоумење, сомнеж и целосна верба се вклучија во овој случај. Изгинаа во ладното за побрзо да се создадат нормални усливи за живот. Го кренаа цел Ресен на нозе, стигнаа дури до Битола. Благодариме на сите што несебично се вклучивте, искрено Вие сте општина за пример, луѓе со големи срца.
Ви благодариме од се срце на сите што се вклучивте
– Општина Ресен,
– Пролетер Ресен
– Менде Танчевски, Блаже Станковски, Јован, Бифо, ние запирка другарите 🙂
– Владо Јошевски ги активираше мајсторите, група мајстори од Битола дечки со златни раце
– Виртекс стовариштето
– Vision One промени електрична инсталација
– Јован Тозиевски
– Стефан Цапкуновски
– Ѓорги Ставревски
– Татјана Зачрисон
– Гордана Илиевска
– Имаше луѓе што донираа мебел,чистеа, дрва донесоа, некој храна ама ове се убија од работа – во оваа реченица да ја цитираме Бенита
Извинете доколку некого ненамерно е испуштиле
Овие луѓе дадоа се од себе, деноноќно работеа на студот, направија од невозможното возможно. Погледнете ги сликите пред и потоа.
Во целава оваа акција научивме сите едно нешто – дека треба да сме искрени и дека ние помагаме со срце и душа, дека даваме шанса кога некој ќе ја побара и се друго оставаме на Бога.
Овие слики и оваа промена е благодарение на Ресенчани и нивните големи срца, благодарение на Бенита и Христијана.
Девојки секоја чест на хуманоста и организираноста 👏👏👏👏
Сево ова е направено најбрзо што може, складиштето каде што се земаа материјалите ни излезе во пресрет и сета роба ја даде на почек со цел побрзо да се создадат услови за живот. Благодариме на довербата која ја даде и што не не брза за финансии допрва треба да ги собереме. Износот кој го должиме е 90.000 денари, кој веруваме дека ќе го обезбедиме и ќе платиме. Во овој износ имаме две фактури за стовариште и струја. Едно семејство во моментов има топол дом.
Ни останува уште да обезбедиме тоалет со плочки, (санитарија имаме) и ламинат или санација на паркетот. Но за ова ќе објавиме дополнително апел.