Хуманитарната организација се вклучи во активностите за помош и реновирање на домот на Иле од Кочани, благодарение на довербата која ни ја искажа Лидија од Германија која организираше собина акција и соба 2000 евра. Собраните парични средства како и целото реновирање Лидија ни го довери на нас, на што искрено и благодариме на искажаната доверба.
По вклчувањето од хуманитарната организација се посети домот на Иле и се утврди дека тука навистина е потребна помош. При самата посета однесе кујна и машина за алишта кои откако ќе среди домот ќе бидат монтирани.
Уште на самиот почето е нарачана влезна вата, бидејќи моменталната е целосно уништена, обезбедени се плочки и ламинат, обезбедени мајстори за плочки и ламинат, молери… и ќе се направи се што е потребно за да се создадат нормални услови за живот и Иле да добие шанса да живее во нормални услови.
Оваа акција е при крај за што дополнително ќе објавиме.