Ѕвонко доби нов дом и повеќе не е бездомник!

Новиот дом на Звонко од Нов Иственик најпосле е ВИСТИНСКИ ДОМ.

На 24.11.2021 благодарение на нашата сестра Тијана, однесовме и покуќнина со што ја комплетиравме нашата акција во Нов Иственик и овој проект можеме да го прогласиме за завршен.

Ѕвонко доби нов дом. Ви благодариме на сите за укажаната доверба на Хуманитарна организација “Свети Спас” и вклучувањето во оваа акција за да може да изградиме во целост нов дом на Ѕвонко.

Благодарение на Бога, Ѕвонко доби нов дом и повеќе не е бездомник! Успеавме да изградиме уште еден нов дом од темел до покрив!!! Остануваат уште неколку работи да се досредат и кои наскоро ќе бидат завршени, но Звонко ги доби потребните услови за живеење.

Би упатиле голема благодарност до оние кои го овозможија сето ова:

Aleksandar Kitanov
МПЦО “Свети арх. Михаил” – Лондон
Благодарност до братот Boban Petrovski- Bukic и ОКИ ПРОМ кој целосно ја водеше на изградбата на домот и без кого не би можеле да НАПРАВИМЕ многу…
Благодарност и до сите Македонци кои живеат и работат надвор од Македонија, а кои активно се вклучуваат во нашите акции.
Бог да ве благослови сите и да ви дарува здравје, радост и успех!!!